20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТвитер вработи светски познат хакер

Твитер вработи светски познат хакер

Социјалната мрежа Твитер, која повеќе пати беше мета на сајбер напади, за свој шеф на безбедност го назначи еден од најдобрите хакери во светот.

Пеитер Затко, попознат по неговиот хакерски прекар Меџ, е новиот шеф за сајбер безбедност на Твитер, кој ќе се занимава со безбедноста на информациите и интегритетот на платформата.

Затко ќе го има само извршниот директор Џек Дорси над него, а се очекува тој да ја преземе функцијата за околу два месеци.

Пред да пристигне на Твитер, Затко ја надгледуваше безбедноста на компанијата за електронско плаќање Страјп.

Претходно работел и во Гугл, каде управувал со грантови за проекти за сајбер безбедност на Агенцијата за напредни истражувања и проектите на DARPA .

Тој ја започна својата кариера во 90-тите години  кога работеше тајно за владата и беше еден од лидерите на Култот на мртвата крава – хакерска група што исфрли хакерски алатки за Windows со цел да го принуди Мајкрософт да ја подобри безбедноста.

„Не знам дали некој може да ја поправи безбедноста на Твитер, но тој би бил на врвот на мојата листа“, рече Дан Кауфман, кој ја надгледуваше работата на Затко во DARPA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП