7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАChromecast уред за поврзување на телефон со телевизор

Chromecast уред за поврзување на телефон со телевизор

chromecast

Корпорацијата „Google“ претстави нов уред за безжично поврзување на мобилните уреди и телевизорите. Цената на уредот е 35 долари.

Тој ви овозможува да пренесувате мултимедијални содржини од вашиот паметен телефон, таблет или лаптоп на голем екран. Уредот е наречен „Chromecast“, личи на флеш картичка со должина од околу 5 см и се вклучува во „HDMI“ портите на телевизорот.

Уредот е компатибилен со мобилни уреди кои работат на „Android“ и „iОS“ на „Apple“ и веќе може да се најде во соодветните продавници.

Се претпоставува дека преку него корисниците ќе можат да пренесуваат видео и музички содржини од услугите „Netflix“, „YouTube“, „Google Play“ и „Chrome“ прелистувачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП