20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајголемите заблуди за вакцината против Ковид-19

Најголемите заблуди за вакцината против Ковид-19

Вакцина против коронавирус сè уште не е достапна, но постои можност една или повеќе да бидат достапни до крајот на оваа или почетокот на следната година.

Токму затоа што се чека оваа важна вакцина, добро е да се знаат одредени информации за тоа.

Факт: Вакцините против Ковид-19 нема да ве заразат со вирусот

Во моментов се развиваат неколку видови на вакцини, а целта на секоја од нив е да го научиме нашиот имунолошки систем како да го препознае вирусот и како да се бори против него. Понекогаш овој процес може да предизвика симптоми како температура, и тие се нормални и се сигнал за зајакнување на имунитетот.

Обично се потребни неколку недели за телото да развие имунитет по вакцината, што значи дека едно лице може да се разболи ако се заразило неколку дена пред да ја прими вакцината. Причината е што вакцината немала доволно време да обезбеди заштита.

Факт: Вакцината против Ковид-19 нема да предизвика позитивни резултати на вирусните тестови

Ако вашето тело развие имунолошки одговор, што е целта на вакцинацијата, постои можност да бидете позитивни на некои антитела, а тестот за антитела покажува дека сте имале инфекција и дека имате одредено ниво на заштита од вирусот. Експертите во моментов разгледуваат како вакцината може да влијае на претходно споменатото тестирање.

Факт: Луѓето кои ќе се разболат може да имаат корист од вакцината

Поради одредени опасни здравствени последици од Ковид – 19 и фактот дека е можна повторна инфекција, се советува да се вакцинираат против вирусот и оние кои ја прележале болеста. Во моментов, експертите не знаат со сигурност колку долго некој е заштитен од повторна инфекција по закрепнувањето од болеста. Може да се развие природен имунитет што ќе го заштити лицето од инфекција, но тоа варира од личност до личност. Поранешните резултати од истражувањето укажуваат на можноста овој имунитет да не трае долго.

Нема да знаеме колку долготраен имунитет се стекнува по вакцината сè додека не биде достапна и додека не се соберат повеќе податоци. И природниот имунитет и тој предизвикан од вакцината се подеднакво важни аспекти за заштитата од вирусот, а сите информации за нив ќе бидат достапни кога ќе бидат познати.

Факт: Вакцинацијата може да ја спречи болеста

Додека многу луѓе кои имаат Ковид-19 доживуваат благи симптоми, тие можат да се развијат во сериозни, па дури и да предизвикаат смрт. Никој не може да знае како на поединецот ќе влијае вирусот, дури и ако не сте во ризичната група. Вакцината против коронавирусот ќе помогне со активирање на антителата без да ги доживеете симптомите на болеста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП