28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSpaceX испрати четворица астронаути кон Меѓународната вселенска станица

SpaceX испрати четворица астронаути кон Меѓународната вселенска станица

SpaceX, компанија на милијардерот Илон Маск, лансираше четворица астронаути кон Меѓународната вселенска станица (ISS).

Ново дизајнираната капсула SpaceX Crew Dragon, која екипажот ја нарече “Отпорност”, беше подигната од ракетата SpaceX Falcon 9 од вселенскиот центар на НАСА Кенеди во Кејп Канаверал, Флорида.

Летот до ISS ќе трае 27 часа. Четиричлениот екипаж го сочинуваат Американците Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Шенон Вокер и Јапонецот Соичи Ногучи.

Пристигнувањето на ISS е предвидено за вторник наутро.

Ова е прва шестмесечна „оперативна“ мисија со која се потврдува продолжувањето на летовите со човечки екипажи од САД, по деветгодишната пауза и зависноста од Русија.

SpaceX, компанија основана од претприемачот Илон Маск, претходно успешно ја заврши показната мисија која траеше од мај до август, при што испрати двајца астронаути на ISS и без проблем ги врати на Земјата.

Членови на следната мисија со екипаж, планирана за крајот на март 2021 година, ќе бидат европјанинот Том Песке, двајца Американци и еден Јапонец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП