Акциите на „Fossil Group“ пораснаа за повеќе од 26%, откако компанијата претходно денес објави дека кварталната заработка значително ја надминала прогнозата на производителот на часовници поради големата продажба во Кина.
Приходите од третиот квартал паднаа за 19 проценти, на 435 милиони долари, се вели во соопштението на „Fossil“ за својот финансиски извештај.
Компанијата предвидува пад од 35 до 45% за периодот.
„Ги надминавме највисоките очекувања за третиот квартал, што го одразува моменталниот интензитет добиен од нашите дигитални канали и силниот раст во Кина, како и трендот за подобрување на големопродажните канали на глобално ниво“, рече извршниот директор, Коста Карцотис.
Заработката по акција достигна 31 цент, наспроти загубата од 51 цент по акција во истиот период од минатата година.
Бруто-маржата се искачи на 52,8% или 120 основни поени на годишно ниво.
Денес, „Fossil“ исто така објави дека е на пат да достигне заштеда на трошоците од 100 милиони долари во 2020-та година.