20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИПрескокнете ги редиците во банките, зачувајте го вашето здравје

Прескокнете ги редиците во банките, зачувајте го вашето здравје

Во оваа модерна ера на технологии кога речиси секоја обврска може да ја завршите преку паметен телефон или компјутер, а особено во денешните услови на пандемија, вашата сигурност и безбедност се на прво место. Овозможете си спокој себеси и на блиските и работете сѐ што можете од удобноста на вашиот дом, избегнувајќи ги гужвите и редиците со кои претходно секојдневно сте се среќавале.

Здравјето и добросостојбата се приоритет секому, па токму затоа со користење на напредната технологија која во листата на погодности ги вклучува и онлајн плаќањата на сметки и секаков вид трошоци, може да помогнеме и на нашите блиски, баби и дедовци, родители, како едни од најранливите категории во време на пандемија.

Халкбанк е банка за која навистина се важни луѓето, а тоа го докажува и со можноста сите клиенти да ги вршат потребните плаќања без да го напуштат својот дом.

Електронското банкарство на Халкбанк нудиувид во вашата моментална состојба на сметка, состојба на платежна картичка, на извршени трансакции, вршење на секаков вид уплати – на режиски трошоци, на сметка на буџетски корисник, директна уплата на други сметки.

Покрај избегнувањето на редиците, предноста на електронското банкарство е во обезбедување заштита на нашите најмили. Секое плаќање можете да го извршите било каде, во било кое време, а сѐ што ви е потребно е компјутер и интернет конекција. Халкбанк креираше и неколку видео туторијали, кои може да се погледнат на нивниот YouTube канал, за побрзо и полесно справување со сите електронски плаќања и повеќе време со вашите најблиски.

Халкбанк АД Скопје постојано и континуирано ги усовршува своите услуги, дополнително на електронското банкарство, овозможува и мобилно банкарство, каде се достапни сите услуги како на компјутерот. Платете преку апликацијата на Халкбанк за таблети и мобилни телефони која e поддржана од Android и iOS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП