Фановите на „Apple“ беа воодушевени кога во април оваа година беше претставен достапниот и компактен „iPhone SE“ (2020), но очигледно нема да добие верзија од 2021-ва година. Аналитичарот Минг-Чи Куо истакнува дека „Apple“ не планира да издаде нов телефон „ЅЕ“ во текот на првата половина од следната година.
Прогнозата е дел од поголем извештај, кој го анализира целокупниот пазар на оптика – до четири добавувачи на „Apple“ кои се борат да обезбедат камери за „iPhone 13“, што ќе влијае на подготовката и производството на потенцијалниот модел „iPhone SЕ“ (2021).

