Штом „wingsuit“ скокачите ќе се оттурнат од земјата, нивниот правец на движење е исклучиво надолу. Барем така беше досега.
Австрискиот „wingsuit“ пилот Питер Салцман успеа со истиот костум и да полета.
Во обид да го подигне овој екстремен спорт на ново ниво, Салцман ја замисли можноста како иден чекор во слободното летање во сите насоки. Со помош на „BMW“, тој дизајнираше и направи додаток за костумот што ќе му овозможи на скокачот да се издигнува, пренесува „Zimo“.
Бидејќи погонот на работното коло (роторот што го дизајнираше) е електричен, ова овозможува двомоторниот систем да биде прикачен многу близу до телото на летачот, поточно до стомакот. Исто така, тој не е толку бучен или валкан како што би бил класичен систем со фосилни горива.
Потребни беа три години за да се развијат двојните мотори од 12,5 сантиметри, кои се сместени во куќиште од јаглеродни влакна и алуминиум. Секој се врти со 25.000 вртежи во минута и има моќност од 15 киловати.
Тие се напојуваат од 50 волти литиумска батерија, а целиот погонски систем тежи околу 12 килограми.
За својот прв лет, Салцман првично избра тројца големи солитери во Јужна Кореја, кои сакаше да ги прелета во маневар за брзо искачување. Поради пандемијата, неговите планови пропаднаа.
Сепак, во неговата родна Австрија, тој најде природна замена – планинскиот венец наречен „Три браќа“.