20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMодната марка „Supreme“ купена за 2.1 милијарди долари

Mодната марка „Supreme“ купена за 2.1 милијарди долари

Компанијата „VF Corp.“ ќе го додаде „Supreme“ во своето портфолио на модни брендови.

Матичната компанија на „Vans“, „Dickies“, „Timberland“ и „The North Face“ објави дека планира да купи уште еден моден бренд за улична облека, „Supreme“ во договор вреден 2,1 милијарди долари, што треба да се финализира до крајот на годината.

Основаната продавница за скејтборд во Њујорк во 1994-та година, „Supreme“ се здоби со популарност меѓу скејтбордерите, обожаватели на хип-хоп музика и други култури типични за милениумската генерација и генерацијата „Z“.

Во 2007-ма година, „Carlyle Group“ купи половина од компанијата за 500 милиони долари. Со текот на годините, „VF“ и „Supreme“ редовно соработуваа на различни производи од брендовите „North Face“, „Timberland“ и „Vans“, информира „CNN Business“.

Директорите во двете компании велат дека аквизицијата ќе му овозможи на „Supreme“ да ги искористи искуствата и ресурсите на „VF“, вклучувајќи го и нивниот глобален ланец на снабдување, за да го зголеми растот.

Од „VF“ велат дека „Supreme“ му дава „подлабок пристап до привлечни потрошувачки сегменти кои се однесуваат на многу од нејзините сегашни брендови“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП