„BMW“ го претстави својот предводник на „X7“ во специјалната серија за дизајн наречена „Dark Shadow Edition“. Верзијата ќе биде ограничена на 500 единици за сите пазари ширум светот, а ќе биде достапна и за модели со различни мотори – од „xDrive40i“ до „M50i“.
Акцентот во надворешноста е специјалната сиво-сина боја на каросеријата, наречена „Frozen Arctic Grey“. Сјајни детали од „BMW Individual“ може да се најдат во прозорците, предната решетка, шините на багажникот и на други места. Исто така, достапни се и уникатни 22-инчни алуминиумски тркала со црна мат боја.


