20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБафет купи сопствените акции за повеќе од 9 милијарди долари

Бафет купи сопствените акции за повеќе од 9 милијарди долари

Инвестициската компанија на Ворен Бафет, „Berkshire Hathaway“ го зголеми откупот на сопствени акции, притоа стекнувајќи повеќе акции отколку што продаде во третиот квартал од 2020-та година, пренесува „Business Insider“.

Трезорските акции купени само за периодот од 1-ви јули до 30-ти септември се со рекордна вредност и изнесуваат над 9 милијарди долари, што е повеќе од 5,1 милијарди долари купените акции во вториот квартал од годината.

Ова значи дека Бафет, неговата десна рака Чарли Мунгер и другите менаџери за инвестиции во компанијата сметаат дека акциите на „Berkshire“ се потценети.

Нето-набавките на други акции се зголемија за 4,8 милијарди долари по пријавената продажба од 12,8 милијарди долари пред еден квартал.

Зголемувањето на купувањата во текот на кварталот доведе до пад на слободната готовина на компанијата. Таа падна за околу 8 милијарди долари на 139 милијарди долари до 30-ти септември.

Пандемијата продолжува да влијае негативно на финансиските перформанси на „Berkshire“. Намалување се пријавува и кај осигурувањето и кај железничкиот транспорт, енергетската поделба, итн.

На пример, приходите од една од најголемите инвестиции на компанијата, „Precision Castparts“, паднаа за 40 проценти поради помалата побарувачка за авионски делови за време на пандемијата.

Главно заради растот во проценката на „Apple“, како и на други големи инвестиции, во кварталот се појави поврат на инвестицијата од 32 милијарди долари.

Во последниве месеци, Бафет и неговиот тим инвестираа 10 милијарди долари во купувањето на активи на „Dominion Energy“, 2,1 милијарди долари во акции на „Bank of America“ и 6 милијарди долари во акции во пет јапонски компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП