26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“ на 18-ти декември ќе ја објави првата бета верзија на „Harmony“...

„Huawei“ на 18-ти декември ќе ја објави првата бета верзија на „Harmony“ за телефони

Кинескиот производител „Huawei“ на големо се подготвува за целосно преминување од „Google Services“ на сопствениот „Harmony OS“.

Според информациите од Ванг Ченглу, претседателот на софтеверското одделение во „Huawei Consumer Business Group“, платформата со отворен код на програмерите ќе им биде достапна од околу 18-ти декември, додека првите демо уреди со оперативниот систем „Harmony“ ќе бидат достапни до јануари или февруари 2021-ва.

Ванг истакнува дека сите вработени во „Huawei“ вредно работат на креирањето на новиот екосистем, заснован на „Harmony“ идеата, како и дека засега се оди по планот. Кога првичните резултати ќе пристигнат во текот на првиот квартал од 2021-ва година, се очекува дека јавната бета верзија за „Harmony“ ќе стартува околу април следната година.

Од „Huawei“ тврдат дека околу 90% од телефоните на комапнијата би требало да бидат подготвени за ажурирање, кога тоа ќе биде достапно. Постои и мала шанса дека САД ќе го ублажи својот став и ќе му дозволи на „Google“ да соработува со „Huawei“. Доколку пак тоа не се случи, би можеле да имаме интересен пазар на смартфони со три големи играчи во полето на оперативните системи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП