Фармацевтската компанија „Фајзер“ oбјави дека нејзината експериментална вакцина има ефикасност од над 90 проценти во спречување на Ковид-19, врз основа на првичните податоци од голема студија, што претставува голема победа во борбата против пандемијата, пренесува „Ројтерс“.
Големиот процент на оние кои се заштитени ги прави наодите убедливи. Регулаторите рекоа дека ќе одобрат вакцина која е ефикасна само 50 проценти – заштитувајќи половина од оние што ја примаат.

