19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои ќе бидат првите потези на новоизбраниот американски претседател?

Кои ќе бидат првите потези на новоизбраниот американски претседател?

Излезот од Парискиот договор и Светската здравствена организација ќе дојдат на првото место

Победникот на претседателските избори во Америка, Џо Бајден, сака брзо да поништи неколку клучни одлуки на Доналд Трамп.

Новоизбраниот претседател Бајден, официјално нема да стане претседател до инаугурацијата, што треба да се одржи на 20 јануари следната година, но неговите први потези се веќе познати.

Во својот победнички говор, Бајден најави дека денес ќе назначи работна група за борба против епидемијата на коронавирусот, која ќе се состои од 12 научници. Во својот говор за победата, Бајден ја опиша епидемијата како клучно прашање што ќе го реши неговата администрација.

Враќање на Америка во СЗО и Парискиот договор

Интересно е што Бајден, веднаш штом ја преземе Белата куќа, ќе издаде неколку извршни наредби со кои планира брзо да укине некои од одлуките на Доналд Трамп.

Ова особено важи за две одлуки на Доналд Трамп – онаа за повлекување на САД од Парискиот договор, чија цел е да се намалат штетните емисии со цел да се стават под одредена контрола климатските промени и одлуката за повлекување на Соединетите држави од Светската здравствена организација, што го донесе среде пандемија на коронавирусот.

Би-Би-Си пишува дека Бајден ќе ги поништи двете одлуки со извршни наредби веднаш штом ќе ја преземе власта.

Интересно е што актуелниот американски потпретседател, Мајк Пенс, најави состанок на работната група на Трамп за борба против коронавирусот. Работната група не се состануваше со недели поради изборната кампања, пишува Би-Би-Си. Состанокот ќе се одржи денес, на истиот ден кога Бајден ќе ја назначи својата работна група.

Во Соединетите држави, 237 000 лица починаа од коронавирус, а во последните неколку дена таа земја бележи рекордни дневни бројки на нови случаеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП