Третата по големина банка во Франција се врати во зоната на профит во третиот квартал благодарение на растот во трговскиот оддел.
Така, „SocGen“ се опорави од најголемата загуба во последните 12 години со добивка во третиот квартал, што беше скоро двапати поголема од проценката на аналитичарите, потпомогната од подобрените приходи од тргување и пониските резервации за лоши заеми. Ова е модел кој функционираше за повеќето европски доверители.

