20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Sharp“ објави пад на оперативниот профит од 17% во услови на пандемија

„Sharp“ објави пад на оперативниот профит од 17% во услови на пандемија

Јапонската технолошка компанија „Sharp“ објави пад на оперативната добивка од 17,1 отсто за вториот фискален квартал, додека пандемијата на Ковид-19 продолжува да врши притисок врз продажбата на автомобилски дисплеи и канцелариски принтери, пренесува „Reuters“.

Производител на сензори, модули на камери и екрани за „iPhone“ на „Apple“, соопшти дека неговиот оперативен профит достигна 18,5 милијарди јени (178,67 милиони долари).

Податоците се за периодот јули-септември оваа година, а износот е под оној од 22,3 милијарди јени, што компанијата го објави една година порано.

Резултатите ја надминаа просечната прогноза на шест аналитичари анкетирани од „Refinitiv“, кои очекуваа 17,52 милиони јени.

„Sharp“ ја задржа прогнозата за оперативната добивка за фискалната година што завршува во март 2021-ва година. Очекува да достигне 82 милијарди јени, додека аналитичарите прогнозираат добивка од 64,37 милијарди јени.

На почетокот на оваа година, јапонскиот гигант откри дека продолжува да се придржува кон планот за појавувањето на берза на својата единица за лаптопи во следната фискална година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП