5 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка АД Скопје прокнижи 20 милиони евра добивка за периодот јануари-септември...

НЛБ Банка АД Скопје прокнижи 20 милиони евра добивка за периодот јануари-септември 2020

Нето каматните приходи, заклучно со 30.09.2020 година се пониски за 1,3% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 4,0%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 19,2% главно поради пониски каматни стапки, преструктурирање на изворите во корист на средства по видување и намалување на расходи за субординирани обврски.

Нето приходите од провизии се пониски за 0,4% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се намалени за 1,0% како резултат преземените мерки на Банката за олеснување на последиците од КОВИД -19 пандемијата кај клиентите како што се времено укинување на надоместоците за електронско банкарство, како и пад кај приходите во доменот на картично работење поради намалената потрошувачка активност на клиентите во странствово услови на криза. Расходите за провизии се намалени за 2,2%, главно поради одлуката на НБРСМ за времено укинување на надоместоците за вршење на кеш услуги.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 306.399 илјади МКД и се повисоки за 40,9% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени
повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население како и остварена капитална добивка од продажба на превземени
средства. Вкупните приходи од работење изнесуваат 3.304.026 илјади МКД и се повисоки за 1,7% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.405.399 илјади МКД и се намалени за 1,8% при што трошоците за вработени се повисоки за 0,4%, трошоците за амортизација се повисоки за 10,0%, останатите расходи од дејност се пониски за 6,2% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 30.9.2020, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 444.415 илјади МКД или 128,5% повеќе во однос на истиот период претходната година соодветно на структурата, квалитетот и порастот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 48.198 илјади МКД.

Бруто добивката на Банката заклучно со 30.09.2020 година изнесува 1.406.014 илјади МКД и е намалена за 13,1% во однос на истиот период претходна година. Нето добивката на Банката заклучно со 30.09.2020 година изнесува 1.265.413 илјади МКД и е намалена за 13,1% во однос на истиот период претходна година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

Анализа на финансиските резултати на НЛБ Банка можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар