23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГо загубивте телефонот или слушалките? Самсунг има интересно решение како да ги...

Го загубивте телефонот или слушалките? Самсунг има интересно решение како да ги најдете

Дури и ако уредот е надвор од мрежата, корисникот може да го најде со помош на друг Галакси уред кој се наоѓа во близина.

На сите барем еднаш им се случило во паника да бараат каде го оставиле својот паметен телефон. Најчестиот начин за пребарување е едноставно да го повикате од друг телефон. Но, што ако е на сајлент? Или, тој не е во просторијата каде што се бара?

За да им биде полесно на своите корисници да ги најдат изгубените телефони, Самсунг ја дизајнираше услугата SmartThings Find, која им овозможува на корисниците брзо и лесно наоѓање на Галакси уредите. SmartThings Find ги користи технологиите Bluetooth Low Energy (BLE) и Ultra-wideband (UWB) (UWB) за да им помогне на корисниците да ги пронајдат своите паметни телефони, таблети, паметни часовници и безжични слушалки.

Користејќи ги најновите технологии BLE и UWB, SmartThings Find ќе го направи животот на корисниците помалку стресен кога станува збор за пребарување на изгубени Галакси уреди. Со дополнителнo користењето на AR технологијата во комбинација со мапи и звуци што ги водат кон нивните паметни уреди, SmartThings Find е едноставно и визуелно решение што ќе им помогне лесно да го пронајдат својот омилен уред. Ова е само еден пример за нови значајни мобилни искуства што UWB технологијата ќе им ги донесе на клиентите ширум светот, рече Јеон Јунг, потпретседател и лидер на тимот на SmartThings, оддел за мобилни комуникации на Самсунг електроникс.

По завршувањето на постапката на брза регистрација, корисниците на SmartThings лесно можат да ги најдат своите Галакси уреди – од паметните телефони, таблети и паметни часовници до безжични слушалки. Без разлика дали ќе го испуштите својот Galaxy Note20 Ultra зад каучот или не може да се сетите каде сте ги ставиле своите безжични слушалки Galaxy Buds Live.

Со SmartThings Find, корисниците можат да го пронајдат својот уред што недостасува, дури и кога е офлајн. Откако уредот е надвор од мрежа 30 минути, тој започнува да произведува сигнал BLE што другите уреди можат да го примаат. Доколку корисниците го пријават својот уред како изгубен преку SmartThings Find, кој било друг паметен Галакси телефон или таблет во близина што избрал да помогне во пронаоѓањето на изгубени уреди, може да го предупреди серверот за неговата локација, а потоа ќе ги известат корисниците. Сите кориснички податоци на SmartThings Find се шифрирани и заштитени, така што локацијата на уредот е видлива само за неговиот сопственик.

Иако во моментов оваа услуга е достапна само за корисниците на Галакси уредите, Самсунг вели дека од следната година може да стане достапна и за другите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП