ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за октомври 2020

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за октомври 2020

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.10 – 31.10.2020 година вкупниот промет изнесувал 427.260.792 денари и е зголемен за 4,61 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 334.843.767 денари и е намалено во однос на септември за 13,13 отсто кога изнесувало 385.467.468 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 333.840.854 денари и обврзници во вредност од 1.002.913 денари.

Блок трансакциите во октомври изнесувале 92.417.025 денари и се зголемени за 302,58 отсто во однос на септември.

Бројот на трансакции во октомври изнесувал 1.376 и е намален за 21,01 отсто во однос на септември кога изнесувал 1.742.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за октомври се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за октомври 2020 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП