27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајбогатиот човек на светот продаде акции за 3 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот продаде акции за 3 милијарди долари

Основачот и извршен директор на „Amazon“, Џеф Безос продаде акции во вредност од над три милијарди американски долари, според информациите доставени до американската Комисија за хартии од вредност.

Ова е трета голема продажба што Безос ја презеде, откако тој се раздели во август и февруари со акции во вредност од 3,1 милијарди и 4,1 милијарди долари, соодветно.

Така, од почетокот на 2020-та година, неговата вкупна продажба на акции изнесува 10,2 милијарди долари.

За споредба, неговите трансакции за цела 2019-та година се проценуваат на 2,8 милијарди долари.

По зделките склучени оваа недела, Безос сè уште поседува 53 милиони акции на „Amazon“, проценети на 170 милијарди долари.

Пред неколку години, Безос објави планови за продажба на акции за најмалку една милијарда долари секоја година за да ја финансира својата компанија за вселенски патувања и истражувања „Blue Origin“.

Одделно, во февруари, најбогатиот човек на светот започна фонд од 10 милијарди долари, чија главна активност ќе биде намалување на ефектите од климатските промени на Земјата.

Од почетокот на 2020-та година, акциите на „Amazon“ се зголемија за 75,4%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП