25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали е можно да се направи пристоен електричен автомобил вреден 8.000 евра?...

Дали е можно да се направи пристоен електричен автомобил вреден 8.000 евра? (ВИДЕО)

Еден од недостатоците на електричните модели е што тие се уште се премногу скапи, дури и кога станува збор за градските автомобили.

Но, не и кога станува збор за кинеските електрични возила, кои се значително поевтини од еквивалентните европски. Сепак, се поставува прашањето дали нивната ниска цена е последица на компромис со квалитетот.

Сведоци сме дека производството на електрични модели „цветаше“ во Кина во последните неколку години, а некои од нив пристигнаа и во Европа.

„Baojun E300“ за сега не, но овој мал градски електричен автомобил дефинитивно заслужува внимание.

„Fully Charge“ го тестираше ова возило во Шангај, а впечатоците може да ги видите на видеото на крајот од текстот.

На кратко, станува збор за автомобил на заедничка компанија од три производители „SAIC“, „General Motors“ и „Wuling“.

Се произведува во две верзии – пократка од 2,62 метри, и подолга од 2,9 метри. Цената на помалото возило започнува од 8.200 евра, а на поголемо од 10.700 евра.

Автономијата при возење со полна батерија според „NEDC“ стандардот е до 305 км, во реалноста е нешто помалку.

Погонот користи електромотор од 56 ks (40 kW), а силата се пренесува на задните тркала, максималната брзина е 100 km/h, што е сосема доволно за градски услови за возење, па дури и за пократки патувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП