26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКонтролата на трошоците го враќа „Hugo Boss“ кон профит

Контролата на трошоците го враќа „Hugo Boss“ кон профит

Мерките за контрола на трошоците успеаја да го компензираат падот на продажбата на „Hugo Boss AG“ во третиот квартал, соопшти германската модна куќа.

Нето добивката на компанијата изнесува 3 милиони евра во споредба со 56 милиони евра пријавени во истиот период во 2019-та година, информира „Market Watch“. Враќањето кон профитабилноста, откако компанијата објави нето загуба од 186 милиони евра во вториот квартал, главно се должи на контролата што ја наметна „Hugo Boss“ на трошоците. Оперативните трошоци на компанијата се намалија за 15% во третиот квартал.

Заработката пред камати и даноци (EBIT) изнесува 15 милиони евра во споредба со 83 милиони евра пријавени пред една година. Аналитичарите очекуваа „EBIT“ од 10 милиони евра, според „FactSet“.

Приходите од продажба за време на разгледуваниот период се намалија на 533 милиони евра од 720 милиони евра пред една година. Просечната проценка на пазарот за овој индикатор е 560 милиони евра.

„Hugo Boss“ објави 66% раст на продажбата преку Интернет, а главниот поттик за заздравување е од силната продажба во Кина, која порасна за 27%, според „Reuters“.

Во Европа продажбата падна за 21% и покрај обновувањето на побарувачката по крајот на блокадата во регионот во вториот квартал. Падот на туризмот во европските земји продолжува да фрла сенка врз бизнисот на „Hugo Boss“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП