20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Amazon“ и „Apple“ одат кон рекордни тримесечни приходи од 100 милијарди долари

„Amazon“ и „Apple“ одат кон рекордни тримесечни приходи од 100 милијарди долари

Сезоната на празници може да биде историска за две од најголемите компании на берзата, при што приходите се очекува да ја надминат границата што ретко се достигнуваше во историјата на „Wall Street“.

Се очекува „Amazon.com Inc.“ и „Apple Inc.“ да пријават приходи од над 100 милијарди долари во четвртиот квартал од 2020-та година, што ќе ја нагласи нивната доминација на пазарот, пренесува „Bloomberg“.

Како што објави минатата недела, „Amazon“ предвидува приход од 112 до 121 милијарда долари за периодот што завршува во декември. „Wall Street“ очекува приход од скоро 119 милијарди долари, покажуваат податоците собрани од „Bloomberg“. Иако „Apple“ не даде прогноза во својот последен извештај, просечната проценка на продажбата на аналитичарите е 101,6 милијарди долари.

„Amazon“ се очекува да ужива поддршка од пандемискиот премин кон купување преку Интернет, како и од настанот за шопинг на „Prime Day“, додека лансирањето на „iPhone 12“ ќе биде катализатор за продажбата на „Apple“. „Amazon“ достигна приход од скоро 100 милијарди долари за последниот квартал, кога изнесуваше 96 милијарди долари, додека „Apple“ достигна над 90 милијарди долари во четвртото тримесечје од 2019-та година.

Постигнувањето на ова ниво на приход е ретко, но не и без преседан. Меѓу американските компании „Exxon Mobil Corp.“ ја надмина таа вредност неколку пати, иако тоа го нема постигнато од 2013-та година. Приходите на „Exxon“ во последниот квартал беа под 50 милијарди американски долари бидејќи побарувачката за гориво потона среде блокадите поради пандемијата. Од друга страна, „Walmart Inc.“, ова ниво го постигнуваше постојано околу една деценија, а серијата се очекува да продолжи, а аналитичарите очекуваат приход од над 130 милијарди долари во овој квартал.

Според анализата на податоците собрани од „Bloomberg“, ако три американски компании пријават приходи од над 100 милијарди долари во истиот квартал, тој нема да има аналог.

Од другите компании во светот „Royal Dutch Shell Plc“, „China Petroleum & Chemical Corp.“ и „BP Plc“ имаат најмалку еден квартал со приходи од над 100 милијарди долари.

Досега оваа година, акциите на „Amazon“ додадоа повеќе од 60% на нивната вредност, додека акциите на „Apple“ пораснаа за околу 50%. „Walmart“ објави раст од 17%, надминувајќи го растот од 2,6% за „S&P 500“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП