23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТројца убиени, 15 ранети! Австриските власти трагаат по терористите(ВИДЕО)

Тројца убиени, 15 ранети! Австриските власти трагаат по терористите(ВИДЕО)

Во понеделникот вечерта во симултани напади во центарот на Виена загинаа четири лица, од кои еден е од напаѓачите. Петнаесет повредени лица се пренесени во болница, а една жена починала во текот на ноќта како последица на повредите. Меѓу повредените е и полицаец кој е надвор од животна опасност.

Австриската полиција објави кратки тези на официјалниот Твитер акаунт за се што досега e познато за нападите во Виена.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер за телевизијата ОРФ изјави дека повеќе напаѓачи отвориле оган на шест локации во близина на централната синагога во Виена.

По нападот, полицијата ја блокираше областа, го испразни центарот на градот и создаде безбедносен периметар.

На прес-конференција, Нехамер ги повика граѓаните на Виена да останат дома во вторник и да го избегнуваат центарот на градот. Тој потврди дека еден напаѓач бил убиен и дека уште најмалку еден бил во бегство.

Убиениот напаѓач не носел елек со експлозивна направа, како што се сомневаше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП