27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈагуари за оние со поплиток „џеб“

Јагуари за оние со поплиток „џеб“

jaguars

Јагуар на претстојниот авто-саем во Франкфурт ќе ги открие плановите за лансирање на два нови модели од пониските автомобилски сегменти во однос на актуелната гама.

Според медиумите, еден од двата модели за кои се говори е веќе најавената лимузина која претставува наследник на „Х-Type“ и ќе биде иден ривал на „Mercedes C сlasѕ“ и „BMW Seriа 3“. Додека пак другиот автомобил ќе биде во сегментот на кросоверите и ќе биде поставен на истата платформа како и компактниот седнан на Јагуар.

Двата модели би требало да бидат претставени во втората половина од 2015-та година, а ќе се произведуваат во фабриката на Ленд Ровер во Англија. Прототипот од идната компактна лимузина на Јагуар кој се очекува да ја има ознаката „ХЅ“, веќе е фотографиран за време на тестирањата на Нирбургринг.

Што се однесува до погонските единици ќе бидат вклучени бензински мотори како што се 2.0 литарски со 240 ks (176 kW) и 3.0 литарски V6 кој развива 340 ks (250 kW).

Во понудата би можеле да се најдат и 2.2 литарски четирицилиндрични дизел мотори со 163 ks (120 kW) и 200 ks (147 kW), како и 3.0 литарски V6 дизел агрегат со 241 ks (177 kW).

Одлуката за развојот на нови компактни модели е разултат на раководството на Јагуар овој производител да може да земе дел од колачот од пазарот на нешто поевтините премиум автомобили, како што тоа му тргна од рака на Ленд Ровер со моделите „Freelander“ и „Range Rover Evoque“.

Сопственикот на Јагуар, индискиот производител „Tata Motors“ сака да ја зголеми продажбата на возила на познатата британска марка, откако во 2012-та година пласманот на овие автомобили изнесуваше само 20 проценти од испораката на сите автомобили од групацијата „Jaguar – Land Rover“. За таа цел компанијата веќе најави дека во следните четири години ќе инвестира по 2.75 милијарди фунти годишно во развојот на нови модели и проширувањето на производствените капацитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП