28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Dunkin ’“ и „Baskin-Robbins“ ќе добијат нов сопственик по зделката вредна 11,3...

„Dunkin ’“ и „Baskin-Robbins“ ќе добијат нов сопственик по зделката вредна 11,3 милијарди долари

Сопственикот на „Dunkin ’“ и „Baskin-Robbins“ се согласи да биде купен од „Inspire Brands Inc.“, во зделка вредна 11,3 милијарди долари, пренесе  „Bloomberg“.

Ова е една од најголемите трансакции во бизнисот со ресторани, додава агенцијата.

„Inspire“, кој е сопственик на ланци како „Arby’s“ и „Buffalo Wild Wings“, ќе ја купи „Dunkin ’Brands Group Inc.“ по цена од 106,5 долари по акција, се вели во соопштението на компаниите. Ова претставува премија од 20% над цената на затворање на 23-ти октомври пред објавувањето на преговорите за зделката што доведе до пораст на цената на хартиите од вредност.

Пол Браун, коосновач и извршен директор на „Inspire Brands“, во изјавата рече дека брендовите „Dunkin ’“ и „Baskin-Robbins“ се „два од најпознатите светски брендови за ресторани“ и ќе го зајакнат „Inspire“ со своите меѓународни операции, лиценци и 15 милиони лојални корисници.

Договорот ги истакнува изгледите за раст на „Dunkin ’“ и додава клучни брендови во портфолиото на „Inspire“. Пандемијата ги наруши навиките на потрошувачите и ги влоши финансиите на многу ресторани, но инвестицијата на „Dunkin ’“ во дигитални операции и проширување надвор од традиционалните закуски и помогна на нејзините акции да го надминат пазарот во оваа година.

Оваа година акциите на компанијата се зголемија за 32 проценти. Од веста за преговори за зделката пред една недела, акциите имаат акумулирано 12 посто.

Договорот доаѓа во нестабилно време за ресторанската индустрија и особено за рестораните фокусирани на појадок, бидејќи затворањето на канцелариите значи помалку патувања на работа и помалку посети на кафулиња.

Сепак, „Dunkin ’“ објави профит и продажба што ги надмина прогнозите на аналитичарите.

Компанијата добро се снаоѓа благодарение на инвестициите во својата мобилна апликација и нарачките, подобрените опции за бесконтактно купување и проширувањето во категоријата ручек, каде што компанијата претходно имаше мало присуство.

„Пазарот штотуку почнува да го кредитира „Dunkin ’“ за можностите што ги отвори за да постигне одржлив раст“, ​​рече аналитичарот на „KeyBanc“, Ерик Гонзалес во неодамнешната белешка.

„Inspire“, поддржан од капиталната компанија со седиште во Атланта, „Roark Capital“, започна во 2018-та година преку спојување на „Arby’s“ и „Buffalo Wild Wings“. Компанијата, која оттогаш ги купи „Sonic“ и „Jimmy John’s“, соопшти дека сака да изгради колекција на брендови на ресторани што им служат на клиенти на различни пазари.

Договорот со „Dunkin ’“ се очекува да заврши до крајот на годинава. „Bank of America Corp.“ го советува „Dunkin ’“ за зделката, а пак „Barclays Plc“ го советува „Inspire“.

„Dunkin ’“, кој минатата година оствари продажба од 1,4 милијарди долари, му обезбедува на „Inspire“ портфолио од над 12.500 ресторани на „Dunkin ’“ и скоро 8.000 ресторани на „Baskin-Robbins“ ширум светот. Договорот се случи околу 9 години откако компанијата се појави на берзата. Во 2006-та година, таа беше продадена од „Pernod Ricard“ на група купувачи, вклучувајќи ги „Bain Capital“, „Carlyle Group“ и „Thomas H. Lee Partners“ за 2,4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП