Во текот на втората половина на 2020-та година, ќе гледаме се повеќе 5G телефони во понискиот опсег на цени, а „LG“ се приклучува на овој тренд. Јужнокорејскиот производител го претстави „LG K92 5G“, телефон со 5G поддршка што чини 359 американски долари.
„LG K92 5G“ доаѓа со чипсет „Qualcomm Snapdragon 690“, кој е создаден специјално за да обезбеди 5G поддршка по пониска цена. Телефонот има 6,7-инчен „FHD + FullVision“ дисплеј, со „punch-hole“ за предната камера, има 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање. Уредот ќе се напојува со батерија од 4.000mAh.


