23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Panasonic“ ги надмина прогнозите по соработката со „Tesla“

„Panasonic“ ги надмина прогнозите по соработката со „Tesla“

Јапонската компанија „Panasonic“ работи на развој на нова батерија за „Tesla“, истовремено развивајќи го партнерството со американскиот играч, пренесува „Reuters“.

Новата ќелија на батеријата – поголем цилиндричен формат наречена 4680, што може да собере повеќе енергија и е полесна за производство, е клучна за постигнување на целта за намалување на трошоците за батерија за двапати и речиси двојно зголемување на производството на батерија до 2030-та година.

„Имаме значајно знаење за оваа батерија“, рече директорот на „Panasonic“, Хироказу Умеда на брифингот откако компанијата објави раст од 11% на оперативниот профит за вториот квартал и ги надмина прогнозите на аналитичарите.

„Почнавме да работиме на тоа веднаш по „Battery Day“ на „Tesla“ во септември и во исто време се подготвуваме да лансираме прототип на производната линија“, додаде тој.

Одлуката на „Panasonic“ да работи на нова ќелија за „Tesla“ беше донесена откако добрата продажба на електричните возила на компанијата го стабилизираше профитот. Ова се случи неколку години подоцна, во кое заедничкото вложување на двете компании во Невада се соочи со проблеми и одложувања од американскиот партнер.

Умеда исто така објави дека компанијата одлучи да лансира дополнителна линија на производи во фабриката во Невада веќе следната година, со што вкупниот капацитет на фабриката ќе се зголеми за околу 10% до 38-39 гигават часови годишно до 2022-ра година.

„Наша целна маргина на профит е од околу 5% за нашиот бизнис со батерии со „Tesla“ во рок од две до три години“, додаде тој. Оперативната добивка на „Panasonic“ за периодот од јули до септември се искачи на 92,8 милијарди јени (886,34 милиони долари), наспроти 83,9 милијарди јени од пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП