понеделник, јануари 18, 2021
-3 °c
Skopje
-4 ° пон
-4 ° вто
-2 ° сре
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 13,872.12 -0.82%    KMB 7,816.90 -0.12%    MPT 73,000.00 -0.68%    OKTA 3,789.50 -0.14%    SBT 2,890.00 0%    STB 1,149.05 1.69%    STIL 65.00 0%    TEL 317.00 0.57%    TNB 18,734.81 -0.36%    


Почетна КОМПАНИИ БАНКИ

Комерцијална банка АД Скопје со добивка од над 20 милиони евра за периодот јануари-септември 2020

октомври 29, 2020
во категорија КОМПАНИИ
A A
Комерцијална банка АД Скопје со добивка од над 20 милиони евра за периодот јануари-септември 2020
157
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


Во периодот од 01.01-30.09.2020 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.310,6 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.300,6 милиони денари што претставува зголемување за 0,8%. Планираната бруто-добивка за деветте месеци од годинава е остварена со 89,1%.

Зголемувањето на бруто-добивката е остварено во услови на позначителен пораст на дополнителната исправка на вредноста на финансиските средства заради влошување на квалитетот на корпоративното кредитно портфолио. Остварената добивка пред исправка на вредноста, е за 37,8% поголема во однос на истиот период минатата година.

Значителното зголемување на добивката пред исправка на вредноста главно произлегува од зголемувањето на останатите приходи, односно приходите од капитална добивка од продажба на преземен имот по основ на ненаплатени побарувања од клиентите Прототип ДООЕЛ Скопје и Технометал Вардар АД Скопје.

Позитивниот резултат од работењето, Банката го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во Државата поради пандемијата со ковид-19 во периодот март-јули, при што е извесно дека и во следниот период здравствената и економската криза ќе се пролонгира и остануваат присутни ризиците поврзани со истата. Во периодот по прогласувањето на вонредната состојба, заклучно со 30.09.2020 година, Банката во целост го прилагоди своето работење со донесените препораки и уредби од Владата, како и со измените на регулативата поврзана со управувањето со кредитниот ризик и останатите одлуки донесени од страна на Народната банка кои беа креирани пред сè за да ги заштитат клиентите на банките кои се директно погодени од кризата.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.833,2 милиони денари и бележат зголемување од 25,0% во однос на истиот период од минатата година.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2020 година изнесуваат 1.263,1 милион денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5,1% како резултат на зголемени премии за осигурување на депозитите, трошоци за амортизација и зголемени спонзорства и донации. Во услови на пандемија Банката направи повеќекратни улати за помош на здравствениот систем во услови на криза. Исто така, Банката вложи поголем износ за спонзорства во областа на спортот врз основа на ваучери издадени од Агенцијата за млади и спорт, со што се стекнува со право за намалување на данокот на добивка во висина на вкупниот износ на донираните средства. Планот кај оваа позиција е остварен со 102,0%.

Во периодот од 01.01-30.09.2020 година Банката прокнижи 991 илјада денари исправка на вредност на нефинансиски средства, односно 20% од нето вредноста на преземениот имот согласно регулативата на НБРСМ.

Во извештајниот период Банката оствари исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 1.258,5 милиони денари наспроти 560,8 милиони денари во истиот период минатата година по основ на влошување на состојбата на корпоративното кредитно портфолио.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

Тагови: банкакомерцијлнапрофит
СподелиСподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Следна Објава

Охридска банка АД Скопје прокнижи одлична добивка за периодот јануари-септември 2020 година




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во земјата на нафтата, никнува град само за пешаци
СВЕТ

Во земјата на нафтата, никнува град само за пешаци

јануари 18, 2021
45
Контакт со ПРИРОДАТА, сон под ЅВЕЗДИТЕ: Овие трендови ќе ја одбележат 2021 година
СВЕТ

Контакт со ПРИРОДАТА, сон под ЅВЕЗДИТЕ: Овие трендови ќе ја одбележат 2021 година

јануари 17, 2021
40
Снег во Сахара (ВИДЕО)
ЕКОНОМИЈА

Снег во Сахара (ВИДЕО)

јануари 17, 2021
270
Нови 190 заразени со коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa
ЕКОНОМИЈА

Нови 190 заразени со коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

јануари 17, 2021
203
Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!
ЕКОНОМИЈА

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

јануари 17, 2021
184
Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните
СВЕТ

Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

јануари 17, 2021
85

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во земјата на нафтата, никнува град само за пешаци

Во земјата на нафтата, никнува град само за пешаци

јануари 18, 2021
Контакт со ПРИРОДАТА, сон под ЅВЕЗДИТЕ: Овие трендови ќе ја одбележат 2021 година

Контакт со ПРИРОДАТА, сон под ЅВЕЗДИТЕ: Овие трендови ќе ја одбележат 2021 година

јануари 17, 2021
Снег во Сахара (ВИДЕО)

Снег во Сахара (ВИДЕО)

јануари 17, 2021
Нови 190 заразени со коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

Нови 190 заразени со коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

јануари 17, 2021
Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

јануари 17, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • „Duster“ порасна! Запознајте го „Bigster“, големиот „SUV“ од „Daciа“

    „Duster“ порасна! Запознајте го „Bigster“, големиот „SUV“ од „Daciа“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Снег во Сахара (ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 190 заразени со коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Кои луѓе треба да го избегнуваат лукот?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 16-17.01.2021
ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 16-17.01.2021

јануари 16, 2021
2.5k
Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо
ХОРОСКОП

Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо

јануари 14, 2021
1.7k





Следна Објава
Охридска банка АД Скопје прокнижи одлична добивка за периодот јануари-септември 2020 година

Охридска банка АД Скопје прокнижи одлична добивка за периодот јануари-септември 2020 година

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани