20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOтказ за 30.000 работници! Доказ како падот на индустријата ги уништува и...

Oтказ за 30.000 работници! Доказ како падот на индустријата ги уништува и гигантите

Компанијата за производство на авиони, „Boeing“ денес објави намалување на бројот на вработени и елиминирање на околу 30.000 работни места, бидејќи продолжува да губи приходи за време на пандемијата што ја задуши побарувачката за нови авиони.

„Boeing“ објави дека очекува да го намали бројот на вработени на околу 130.000 до крајот на следната година, што е за 30.000 помалку отколку на почетокот на годината, пренесува „АР“.

Тоа е далеку повеќе од намалувањето од 19.000 што компанијата го најави пред три месеци.

„Boeing“ го ажурираше својот план за вработување истиот ден кога објави загуба од 449 милиони долари за третиот квартал, што е заостанување од 1,17 милијарди долари кои ги заработи во истиот период од минатата година. Загубата сепак беше помала отколку што очекуваа аналитичарите.

Приходите паднаа за 29 проценти, на 14,14 милијарди долари.

„Boeing“ беше погоден од пад на приходите откако во март 2019-та година беше повлечен неговиот „737 Max“ по две кобни несреќи, а потоа и пандемија што доведе до пад на летовите на авиокомпаниите и ги остави авиокомпаниите со повеќе авиони отколку што им беа потребни.

Компанијата неодамна ја намали прогнозата за побарувачката за нови авиони во следната деценија за 11 проценти поради пандемијата на вирусот ковид-19. Некои аналитичари веруваат дека дури и таа намалена прогноза била премногу розова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП