Според инфомрациите, „Samsung Galaxy S21 Ultra“ нема да има значајни разлики во однос на актуелниот модел. Новиот „Ultra“ ќе има малку помал екран од 6.8 инчи, и ќе биде единствен со заоблен екран („S21“ и „S21+“ ќе имаат рамни екрани). Дисплејот би можел да има зголемена стапка освежување на 144Hz, но тоа не е сосема сигурно.
„Galaxy S21 Ultra“, според информациите, ќе користи главна камера од 108MP и селфи камера од 40MP. Oва се истите резулуции како кај „S20 Ultra“, но би можеле да постојат некои други надоградби. Нема детали за другите сензори, а рендерите покажуваат дека „Ultra“ има четири камери на задната страна, од кои едната има перископ-објектив.

