20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„FCA“ и „PSA“ добија дозвола од ЕУ за спојување „тешко“ 38 милијарди...

„FCA“ и „PSA“ добија дозвола од ЕУ за спојување „тешко“ 38 милијарди долари?

„Fiat Chrysler Automobiles“ и „PSA“ ќе добијат одобрување од ЕУ за нивно соединување, велат за Reuters извори кои се запознаени со оваа ситуација.

Компанијата што би се создала би била вредна 38 милијарди долари, со што ќе биде создадена чевртата најголема авто-компанија во светот.

Зеленото светло добиено од Европската комисија на тој начин ќе го официјализира создавањето на „Stellantis“, заедничката компанијата.

Спојувањето објавено кон крајот на минатата година под еден покрив ќе донесе брендови како што се „Jeep“, „Dodge“, „Ram“ и „Maserati“, како и „Peugeot“, „Opel“ и „DS“ – додека целната годишна заштеда би била околу пет милијарди евра без затворање на фабрики, пишува „Reuters“.

Европската комисија и италијанско-америкаската групација „FCA“ добија да ги коментираат објавите на „Reuters“, додека француски „PSA“ не се огласи.

По објавувањето на информациите акциите на „PSA“ и „FCA“ повратиле дел до претходно загубените вредности, поточно, акцијата на „PSA“ била во плус од 3,4 проценти и се продаваше по цена од 17,06 eвра, додека акциите на „FCA“ пораснаа за три проценти на 11,43 eвра по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП