19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPURECLOUD македонски иновативен уред кој ја мери загаденоста на воздухот а кој...

PURECLOUD македонски иновативен уред кој ја мери загаденоста на воздухот а кој секоја надлежна институција треба да го има!

Македонската иновација PURECLOUD има примена во секоја средина каде постои проблем со загаденоста на воздухот

Мисијата на здружениот труд на човештвото е да најде начини и да создаде алатки со кои ќе си го олесни животот, ќе реши одредени клучни проблеми и ќе им помогне на луѓето да живеат поквалитетно и подолго. Во време кога еден од најголемите глобални проблеми е загадувањето на воздухот, македонската компанија Информ ДОО скопје го претставува PURECLOUD – уред кој го мери загадувањето на микро локација и податоците ги складира на клауд, со цел понатамошно анализирање и утврдување на типот и обемот на штетните честички.

Загадениот воздух годишно убива околу 4,2 милиони луѓе, а штетата од него е толку сериозна што повеќето земји (меѓу кои и нашата) имаат акти во Уставот кои го гарантираат правото на чиста и здрава животна средина. „Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина“, е пропишано во член 43 од Уставот на РСМ.

PURECLOUD е иновативен уред на кој компанијата Информ ДОО Скопје и нејзините соработници работеа со години, истражувајќи и барајќи начини да го направат што е можно поефективен, како би можел да се применува насекаде низ светот. Конечно, оваа идеја која до неодамна беше само оптимистички проект, станува реалност! Експертскиот тим на Информ ДОО Скопје создаде уред кој работи како преносен мониторинг систем за мерење на квалитетот на воздухот, кој детектира од што е предизвикано загадувањето и ги складира податоците за натамошно проучување, а тоа отвора многу широки опции за негова масовна примена.

Иако се работи за производ замислен и направен во Северна Македонија, сепак тој има интернационален потенцијал, бидејќи проблемот со загадување на воздухот е сеприсутен низ Земјината топка – од Лондон и западните земји па се’ до Источна Европа, Блискиот Исток и Кина. Мисијата на Информ ДОО и PURECLOUD е да го подобри животот на луѓето преку создавање алатка која го адресира и се обидува да го реши еден од најголемите актуелни проблеми – воздушното загадување.

Наменет примарно за надлежните служби (комунални инспектори, владини агенции и тела за заштита на животната средина), PURECLOUD е дизајниран со намера да се обезбедат веродостојни податоци за количината и потеклото на загадувањето за да би можело истото да се спречи – што за возврат ќе придонесе за подобар квалитет на живот на заедницата. Податоците добиени преку PURECLOUD може да се искористат како база за научни анализи кои ќе понудат поефективни решенија за заштита и одржување на животната средина.

PURECLOUD е реален производ, кој веќе ја помина фазата на тестирање и секако веќе денес може да има широка примена во животните средини!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП