25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 22.10.2020

Дневен хороскоп 22.10.2020

Овен (21.03 – 20.04)

На некој многу му значи да ве увери во неговите добри намери. Можно е да се работи за некој Рак, Бик или Девица. Имате потреба да покажете подготвеност за продолжување на соработката со некој кој е прилично конфузен но амбициозен. Ако станува збор за личност постара од вас, почитувајте и го искуството.

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе имате потреба да тактизирате не само кога станува збор за работата туку и во приватниот живот. Некои себични одлуки и размислувања ќе ги разочараат луѓето околу вас. Потребен ви е некој попаметен план како да стигнете до повеќе пари.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе бидете нервозни, директни и смели во навредите кои ќе ги упатите на туѓа сметка. Нема да можете да се контролирате, па ќе го кажете дури и она што не сте го мислеле. Приватниот живот е премногу комплициран, а за сето тоа можеби и вашиот партнер носи одговорност. Некој ќе ве излаже, со што дополнително ќе ве иритира.

Рак (22.06 – 22.07)

Парите и финансиските трансакции и калкулации ќе ви бидат на прво место. Ќе бидете подготвени да се вклучите во некои нови нешта, можно е да бидат поврзани со политика или со јавност. Сакате на сите да им дадете до знаење дека можат да сметаат на вас. Ако некоја идеја не ви се допаѓа слободно кажете го тоа.

Лав (23.07 – 22.08)

Прилично сте напнати и можеби нерасположени бидејќи речиси ниту еден сегмент од животот не можете да го контролирате во толкава мера како што сакате. Би требало да се опуштите и да им дозволите на нештата едноставно да се случуваат. Бидете посериозни во кариерата, ќе ви биде подадена рака за помош, таа ќе ве насочи кон подобри нешта, нормално доколу прифатите.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете подготвени за се, освен за работа. Ќе ве интересираат разни муабети, прошетките, забавата, излегувањето со пријатели, а на работата никако нема да помислите. Можеби е потребно да се опуштите малку од секојдневните обврски, но внимавајте да не ја запоставите и кариерата.

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ќе ве измачуваат непријателите, конкуренцијата, а ова ќе биде еден непријатен ден во кој ќе слушнете неколку лоши вести. Имате потреба да направите нешто што одамна го планирате, но одложете го за некој друг поповолен ден. Некој Бик не знае дали заслужувате да ви ја подари довербата, бидејќи многу пати сте го изиграле.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашиот знак е исклучително нагласен а вие сте многу амбициозни, оптоварени со големи планови од кои многу не сте ги реализирале, а требало. Имате доверба во Близнаците и Девицата дури и кога тие се конфузни и недоволно искусни. Верувате дека некое лице на висока позиција ќе ви овозможи прилика да напредувате во рамките на новиот проект.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сакате сите да ве остават, да го почувствувате мирот, но тоа не се случува. Многумина очекуваат од вас многу повеќе од тоа што сте подготвени да го понудите. Некои понуди за вас не се јасни и мислите дека се ризични. Прилично сте дискретни, тактизирате, а во поладневните часови ве очекува и изненадување.

Јарец (22.12 – 20.01)

На секој начин ќе се обидувате да дојдете на првото место, ќе ги надминувате сите пречки кои ќе ви бидат поставени и постојано ќе целите кон тронот. Тоа е одлично кога станува збор за кариерата, но вашето здравје ќе ве предупреди. Некои обврски, кои всушност не се ваши, префрлете ги на некој колега. Можно е да постои некаков заговор против вас.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе бидете прилично неспокојни но и амбициозни истовремено кога станува збор за некоја нова работа. Не знаете дали да им се обратите на Овенот или Близнаците. Ќе имате голема желба за отворени комуникации со околината.

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете подготвени да се впуштите во некои нови работи но невнимателноста и брзината при донесување на некои одлуки можат да дадат лоши резултати. Ќе бидете премногу амбициозни но недоволно организирани или малку и наивни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП