„Koenigsegg Gemera“ e „семеен“ хирперспортски автомобил со 1.700 „коња“.
„Gemera“ e првиот автомобил со четири седишта од оваа компанијата, a „Koenigsegg“ го нарекува „Mega-GT“ автомобил.
И покрај подолгата каросерија со цел да се сместат 4 лица, компромисот е мал, така што се задржани специфичните врати кои се отвораат нагоре, како кај двоседот „Koenigsegg“.
„Gemera“ добива моќ од „plug-in“ хибридниот погонски систем од дури 1.700 коњски сили и 3.500 Nm максимален вртежен момент.
Интересно е тоа што во срцето на системот е „twin-turbo“ 2.0-литарскиот бензински мотор на кого му помагаат 3 електромотори. Трицилиндарскиот аграгат испорачува импресивни 600 KS и 600 Nm, а преостанатите 1.100 KS ги генерираат електричните мотори.