29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрвиот флексибилен ТВ на светот: Започна продажбата, ценaта „вртоглава“ (ВИДЕО)

Првиот флексибилен ТВ на светот: Започна продажбата, ценaта „вртоглава“ (ВИДЕО)

Конечно во продажба беше пуштен првиот флексибилен телевизор на јужнокорејската компанија „LG“.

Станува збор за ТВ уред со таканаречен „OLED R“ екран со дијагонала од 65 инчи.

Кога велиме фелксибилен, не мислиме на тоа дека екранот му е закривен. Овој ТВ може да се повлече во држачот, се прилагодува со различни размери на сликата, а можe и да се намота во „ролна“ кога целосно не ви е потребен.

Засега е во продажба во седум продавници во Јужна Кореја, а „LG“ тврди дека станува збор за прв ваков уред, пренесува „The Verge“.

Цената, како што можеше да се очекува е значително висока – 87.000 долари, oдносно околу 73.400 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП