29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСондата на НАСА зеде примерок од астероидот Бен

Сондата на НАСА зеде примерок од астероидот Бен

Вселенското летало на НАСА ја допре површината на астероидот Бен и зема примерок од карпата која потекнува од почетокот на нашиот сончев систем.

Механичката рака на сондата OSIRIS-Rex, долга 3,35 метри, зеде неколку камења во близина на северниот пол на астероидот, пренесува Ројтерс.

Бен, кој е оддалечен повеќе од 100 милиони километри од Земјата и чие тело е во форма на желад е формирано на почетокот на Сончевиот систем, би можел да одговори за почетокот на животот на Земјата.

Операцијата, која траеше 16 секунди, бараше голема прецизност и беше успешно изведена на растојание од дури 330 милиони километри од Земјата.

“Сè одеше совршено. Ние испишавме историја вечерва”, изјави Данте Лорето, шефот на мисијата, неколку минути по контактот.

Сондата ќе испрати слики од колекцијата на примероците во текот на денот, така што научниците ќе можат да утврдат колку материјал е собран и дали е потребен друг обид за собирање примероци.

Доколку се утврди дека мисијата е успешна, сондата ќе се врати на Земјата, а нејзиното пристигнување се очекува во 2023 година.

Сондата долга шест метри орбитира околу Бен од крајот на 2018 година за да се подготви за оваа многу сложена операција.

Минатата година Јапонија успеа со својата сонда Hayabusa2 да собере мала количина прашина од друг астероид, Раџугуа, и е на пат кон Земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП