недела, февруари 28, 2021
11 °c
Skopje
3 ° нед
5 ° пон
6 ° вто
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,999.58 0%    KMB 7,877.21 -3.89%    MPT 71,000.00 -2.74%    OHB 5,570.00 0%    OKTA 3,501.00 -2.75%    REPL 106,000.00 0%    RMDEN19 99.50 0%    STB 1,251.04 -0.63%    STIL 58.00 0%    TETE 1,800.00 0%    TNB 19,944.22 -4.21%    TTK 1,406.83 -1.86%    UNI 2,522.00 -2.25%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Нови ковид мерки – Угостителите ќе работат до 23 часот, администрацијата од дома, а јавниот превоз со преполовен капацитет

октомври 21, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, ТОП ВЕСТИ
A A
Нови ковид мерки – Угостителите ќе работат до 23 часот, администрацијата од дома, а јавниот превоз со преполовен капацитет
201
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од Ковид-19, кои Владата вчера ги усвои и истите веднаш стапија на сила.

Сите угостителски објекти ќе работат до 23 часот, освен оние кои вршат испорака, а целата државна и јавна администрација, општините и судовите треба да ја организираат работата во смени, онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации.

Согласно владината одлука, атлетската трка „23 Октомври“ ќе се одложи, и ќе остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации. Исто така, вчера беше одобрен и Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата со КОВИД-19.

Овие предлози Владата ги прифати од Комисијата за заразни болести со цел заштита на јавното здравје и намалување на бројот на заболени од Ковид-19.

Инаку, измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, вчера не се најдоа на дневен ред на Собранието, откако опозицијата побара време да ги разгледа. Измените на овој Закон треба да бидат основа за спроведување на нови мерки за заштита од коронавирусот.

Со измените во Законот, задолжително ќе биде носење маска на отворено, ќе се забрани групирање на отворено после 22 часот и се ограничува бројот на гости во домовите на четири лица.

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека побарале пред да се изјаснат за законот да го разгледаат и да дадат свои предлози. Од опозициската партија велат дека сакаат да дадат свој придонес и поддршка во напорите за справување со Ковид-19.

Законот, би се нашол на дневен ред на следната собраниска седница на 27 октомври, кога се очекува на работа да се вратат и двајцата пратеници позитивни на Ковид – 19 од мнозинството, Лазе Танески и Исмаил Јахоски.

Министерот за здравство Венко Филипче пак, очекува пратениците да покажат одговорност и итно да ги донесат новите мерките за заштита од Ковид-19, бидејќи, нагласува, состојбата е сериозна.

– Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласа овој пакет мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот. Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментов веќе се на сила во сите европски држави, потенцираше вчера министерот Филипче.Тој им порача на граѓаните дека постоечките мерки и препораки се во интерес на заштита на нивното здравје и мора доследно да се почитуваат.Состојбата е сериозна, дополни вчера Филипче, кој информираше дека болничките капацитети се исполнуваат, а пациентите се сместуваат и во модуларната болница на Инфективната клиника.Нема слободни болнички кревети во повеќе инфективни одделенија во државата, во болницата во Куманово, Штип, Струмица. Почна да се полнат и одделенијата во Кавадарци и Гостивар.

– Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се преполнија некои болници. Почна да се полни одделението во Кавадарци и во Гостивар. Во Прилеп и Битола се менаџира меѓу двата центри. Во Охрид добро се менаџира бројот на хоспитализации и тука има слободни болнички кревети.

Според министерот за здравство, доколку се оцени дека овие капацитетите кои се димензионирани да бидат резерва се исполнуваат, тогаш ќе препорача целосна рестрикција во движењето, односно полициски час.

Тој додаде дека пред нас е најризичниот период од неколку месеци, есенски и зимски месеци во кои може да се комплицира епидемиската ситуација во земјата и со дополнителен број на случаи од други заболувања, сезонски грип и настинки.

– Почитувањето на мерките, носењето на маските и одржувањето на дистанца освен што значи заштита на сопственото, јавното здравје, здравјето на најблиските, значи и почит кон работата на здравствените работници кои деноноќно од почетокот се борат со оваа криза, рече Филипче.

Заменик министерот за зравство, Илир Хасани синоќа појасни дека рестриктивните мерки се единствени мерки со кои може да се спречи ширење на инфекцијата од Ковид-10.

Според Хасани, ние се наоѓаме во разумна долна граница на рестриктивни мерки, но ако бројката на новозаболени се зголемува, постои можност да ги засилиме.

– Ние се наоѓаме во разумна долна граница на рестриктивните мерки, тоа не значи дека треба да се опуштаме туку во доменот на долната граница што е разумна за да во секој момент се има ефект од мерките. но во никој случај не се исклучува дека рестриктиктивните мерки ќе може да ги засилиме врз основа на бројката која што се зголемува последните недели, посочи заменик министерот.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 408 случаи на Ковид-19. Оздравени се вкупно 281 пациент, а починале четири лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17673, а на починати е 850. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5673.

Тагови: ковидмерки
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Сончево со локална облачност и слаб северозападен ветер

Следна Објава

Манчестер Јунајтед подобар од ПСЖ во Париз

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Леброн му одговори на Златан: Најде со кого да се чепкаш!
АВТОБИЗ

Леброн му одговори на Златан: Најде со кого да се чепкаш!

февруари 28, 2021
68

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс одговори на повикот на фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ. Шведскиот фудбалер неодамна изјави дека...

Прочитај повеќе
Тенот е посвеж, изгледот подмладен, црниот дроб поздрав: Само една голтка од ова секое утро прави чуда!
ЗДРАВЈЕ

Тенот е посвеж, изгледот подмладен, црниот дроб поздрав: Само една голтка од ова секое утро прави чуда!

февруари 28, 2021
582

Можеме да заклучиме дека чистиот црн дроб донесува здравје, виталност, енергија, убав изглед и добро расположение... Црниот дроб во нашиот...

Прочитај повеќе
Сончево и ветровито време со температура до 15 степени
ЕКОНОМИЈА

Сончево и ветровито време со температура до 15 степени

февруари 28, 2021
42

Времето претплaдне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и преку денот времето...

Прочитај повеќе
Невакцинираните нема да можат да патуваат во ЕУ
ЕКОНОМИЈА

Невакцинираните нема да можат да патуваат во ЕУ

февруари 28, 2021
520

Европската Унија ќе воведе дигитални сертификати за вакцинација. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека на земјите-членки...

Прочитај повеќе
Северина објави филм (ВИДЕО)
АВТОБИЗ

Северина објави филм (ВИДЕО)

февруари 27, 2021
543

Хрватската пејачка Северина го објави филмот „Кога ќе се претворам во Северина“ на ЈуТјуб. Документарецот е снимен за време на...

Прочитај повеќе
Бафет: Никогаш не се обложувајте против Америка
ЕКОНОМИЈА

Бафет: Никогаш не се обложувајте против Америка

февруари 27, 2021
981

Пророкот од Омаха, Ворен Бафет, денес го објави своето традиционално писмо до акционерите во кое јасно наведува - никогаш не...

Прочитај повеќе
Тајната белешка на генијалецот Ајнштајн: Немал пари за бакшиш, па на портирот му дал „упатство за среќа“
ЕКОНОМИЈА

Тајната белешка на генијалецот Ајнштајн: Немал пари за бакшиш, па на портирот му дал „упатство за среќа“

февруари 27, 2021
593

Кога дознал дека ќе биде номиниран за Нобелова награда, Алберт Ајнштајн бил на турнеја во Јапонија. Веста за номинацијата го...

Прочитај повеќе
Колку загадениот воздух всушност му штети на нашето тело(ВИДЕО-АНИМАЦИЈА)
ЗДРАВЈЕ

Колку загадениот воздух всушност му штети на нашето тело(ВИДЕО-АНИМАЦИЈА)

февруари 27, 2021
62

Аерозагадувањето е присутно насекаде во светот и влијае на здравјето и на постарите и на младите. Штетни материи влегуваат во...

Прочитај повеќе
Нови 721 заразени со коронавирус, починаа 7 лица
ЕКОНОМИЈА

Нови 721 заразени со коронавирус, починаа 7 лица

февруари 27, 2021
281

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов...

Прочитај повеќе
Алиоски ќе замине од Лидс јунајтед
СПОРТБИЗ

Алиоски ќе замине од Лидс јунајтед

февруари 27, 2021
159

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски, по завршувањето на сезоната, ќе го напушти Лидс јунајтед. Алиоски е во Лидс од 2017 година,...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Леброн му одговори на Златан: Најде со кого да се чепкаш!

Леброн му одговори на Златан: Најде со кого да се чепкаш!

февруари 28, 2021
Тенот е посвеж, изгледот подмладен, црниот дроб поздрав: Само една голтка од ова секое утро прави чуда!

Тенот е посвеж, изгледот подмладен, црниот дроб поздрав: Само една голтка од ова секое утро прави чуда!

февруари 28, 2021
Сончево и ветровито време со температура до 15 степени

Сончево и ветровито време со температура до 15 степени

февруари 28, 2021
Невакцинираните нема да можат да патуваат во ЕУ

Невакцинираните нема да можат да патуваат во ЕУ

февруари 28, 2021
Северина објави филм (ВИДЕО)

Северина објави филм (ВИДЕО)

февруари 27, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Бафет: Никогаш не се обложувајте против Америка

    Бафет: Никогаш не се обложувајте против Америка

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Гејтс: Aко имате помалку пари од Илон Маск, треба да бидете внимателни со биткоинот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Тајната белешка на генијалецот Ајнштајн: Немал пари за бакшиш, па на портирот му дал „упатство за среќа“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Тенот е посвеж, изгледот подмладен, црниот дроб поздрав: Само една голтка од ова секое утро прави чуда!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Следниот „Samsung“ на преклоп може да стане „џебен лаптоп“? (ФОТО/ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 27-28.02.2021
ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 27-28.02.2021

февруари 27, 2021
2.4k
Родените на овој датум среќата ги прати во чекор, а животот им ги сервира само најдобрите задоволства
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Родените на овој датум среќата ги прати во чекор, а животот им ги сервира само најдобрите задоволства

февруари 26, 2021
563

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
513

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Манчестер Јунајтед подобар од ПСЖ во Париз

Манчестер Јунајтед подобар од ПСЖ во Париз

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани