8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБМВ ги разгледува можностите за продажба преку интернет, како и директна продажба...

БМВ ги разгледува можностите за продажба преку интернет, како и директна продажба во домовите на клиентите

bmw

Германскиот производител на автомобили БМВ планира поголема употреба на интернетот за продажба на автомобили, а ја разгледува и можноста за продажба директно во домовите на клиентите, изјави шефот на продажбата на компанијата, Роланд Кругер.

Тој додаде дека онлајн продажбата ќе се прошири на сите модели, и е веќе во план, како и продажба преку глобалната мрежа на новиот модел i3 електрични возила, која ќе биде лансирана кон крајот на овој месец.

Продавачите на БМВ исто така, би требало да ги посетуваат клиенти во своите домови.

“Очекувањата и потребите на клиентите се менуваат, а компанијата да ги задоволи тие барања”, рече Кригер.

Плановите за директна продажба на автомобили предизвикаа негодување кај трговците, пренесува Ројтерс.

Компанјијата БМВ е најголем производител на луксузни автомобили во светот. Минатата година, продажбата се зголемила за 10,6 отсто на рекордни 1.84 милиони возила, и оваа година планира понатамошен раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП