понеделник, јануари 25, 2021
4 °c
Skopje
1 ° пон
0 ° вто
0 ° сре
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,712.70 -0.34%    BESK 6,100.00 0.81%    GRNT 1,147.49 -1.02%    KMB 7,670.00 -0.32%    KPSS 350.00 -21.35%    MPT 74,000.00 0.63%    STB 1,173.28 0.51%    TEL 319.00 -0.02%    TNB 18,800.00 0.03%    TTK 1,400.00 -1.41%    
Почетна ЕКОНОМИЈА МАКЕДОНИЈА

И македонските граѓани ќе може да одат во стечај

октомври 20, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, ТОП ВЕСТИ
A A
И македонските граѓани ќе може да одат во стечај
309
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Граѓаните кои навлегле во јазот на презадолженоста наскоро ќе може да прогласат личен банкрот и проблемите со долговите да чекаат да им ги реши стечаен управник. Идејата кога уште од 2008 година на големо се заговара од сите влади, но до сега не е реализирана, новата влада уште во предизборната кампања најави дека ќе ја реализира. Што значи личен банкрот?

Граѓаните кои веќе не можат да си ги плаќаат долговите, да можат сами да побараат отворање на стечајна постапка врз нив. Барањето оди на Суд кој утврдува дали има основ за личен стечај, се прави попис на целиот движен и недвижен имот и се одредува стечаен управник. Се она што претходно било во рацете на должникот од тој момент го презема стечајниот управник, кој треба да направи план како да го врати долгот. Тој располага со сите луксузни предмети, како автомобил, ниви кои ги поседува должникот и прави план за отплата на долгот. Нјачестo отплатата треба да заврши за 3 или 5 години. После реализирањето на планот на отплата, сите останати неподмирени трошоци се бришат.

Според некои решенија кои претходно се разгледуваа можно е стечајниот управник, доколку должникот нема редовни месечни примања, да почне да го продава имотот од стечајната маса за да ги исплати доверителите. Но, не смее да го остави должникот без минималните приходи потребни за основните животни потреби. Законското решение треба да ги предвиди сите минимални потреби на должниците, што смее да влезе, а што не во стечајна маса. Што ќе се смета за луксуз,а што за неопходност?!Колку ќе биде рокот за отплата, и колкав процент од долговите ќе моќат да се избришат?! Уште тогаш се отворија дилемите дали телевизор, телефон се луксуз или потреба.

Новата влада во програмата веќе предвиде нов закон за личен стечај, но на терен се уште не се почнати подготовките за негово носење. Кој модел ќе се користи, чии искуства ќе се земат во предвид, за сега никој не знае. Од Министерството за економија за „Денар“велат дека прво треба да се донесе Законот за стечај, а после да се види дали има потреба од нов закон или личниот стечај ќе влеза како дел во него.

„Во моментов како надлежно министерство сме насочени кон подготовка на потребна документација и следни активности околу донесувањето на новиот Закон за стечај како и подзаконските акти. Веднаш по усвојување на законот во Собранието, паралелно со подготовка на подзаконските акти, постојат можности да се започне со активности околу донесување на нов, посебен Закон за личен стечај, или евентуално нова глава која би се додала во Законот за изменување и дополнување на Законот за инсолвентност (стечај). За да се започне со активностите во однос на Личен стечај, ќе претходат анализи, јавни расправи и дискусии“, велат од Министерството за економија.

Инаку во програмата на новата влада стои ветувањето за нов Закон за личен стечај како модел за заштита на животните потреби на должникот преку неизвршување на неговиот долг во определена висина, спречување на нови задолжувања, но и на доверителите, кои ќе можат да наплатат реална вредност. Со ваков закон нема да се креира систем на должничка спирала – сметаат креаторите на програмата.

Личниот стечај функционира во развиените земји. Според искуствата од голем број земји каде ова се практикува, стечајот врз физичко лице значи дека целиот имот и луксузните предмети на граѓанинот-стечаец влегуваат во стечајната маса и со нив и со една третина од платата располага стечаен управник се додека целосно не ги намири долговите кон банките и кон другите доверители. Движниот и недвижен имот, како автомобил, телевизор, ниви и се што може да се впаричи, оди на продажба за да се исплатат доверителите.

Но како тоа се практикува во некои земји. Во Словенија личниот банкрот функционира од 2008 година, а сличен модел користат и Хрватите. Граѓаните- должници, прво добиваат стечаен управник кој ќе управува со нивните финансии. Ако имаат доволно имот кој ќе ги покрие долговите тој се продава за да се подмират доверителите. Им остануваат само предметите кои им се неопходни за нормален живот. Во Австрија има приватни центри кои им помагаат на граѓаните во постапката за личен банкрот, а има и приватни центри кои нудат репрограмирање на долговите. Белгијците пак можат да бараат репрограмирање на долгот, а во Чешка судот одлучува дали ќе има банкрот или ќе им се простат дел од долговите. Граѓаните кои немаат свој бизнис може да гарантираат дека за пет години ќе вратат 30 проценти од долгот.

С.А

Тагови: банкротмакедонцистечај
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Дневен хороскоп 20.10.2020

Следна Објава

Сончево со мала до умерена облачност

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Дневен хороскоп 25.01.2021
ЗДРАВЈЕ

Дневен хороскоп 25.01.2021

јануари 25, 2021
20

Овен (21.03 – 20.04) Пред вас е поволен период за позајмици, ве очекува некаков вид на финансиско решение кое ви...

Прочитај повеќе
Германија прва во ЕУ ќе почне да го користи експерименталниот третман со антитела со кој се излечи Доналд Трамп
ЕКОНОМИЈА

Германија прва во ЕУ ќе почне да го користи експерименталниот третман со антитела со кој се излечи Доналд Трамп

јануари 24, 2021
194

Германија ќе стане првата земја-членка на ЕУ што ќе започне да користи експериментален третман со антитела, кој му помогна на...

Прочитај повеќе
Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП
АВТОБИЗ

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

јануари 24, 2021
33

Пораз од Белорусија со резултат 30:26 забележа македонската репрезентација во последниот свој натпревар на 27. светски шампионат во Египет. Избраниците...

Прочитај повеќе
Нови 183 заразени со Ковид-19 во Македонија, починале шестмина
ЕКОНОМИЈА

Нови 183 заразени со Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

јануари 24, 2021
162

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Прочитај повеќе
И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели
ТЕХНОЛОГИЈА

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

јануари 24, 2021
188

Apple ги намали нарачките од добавувачите за најевтиниот модел на новата генерација на iPhone 12 mini, но ги зголеми нарачките...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дневен хороскоп 25.01.2021

Дневен хороскоп 25.01.2021

јануари 25, 2021
Германија прва во ЕУ ќе почне да го користи експерименталниот третман со антитела со кој се излечи Доналд Трамп

Германија прва во ЕУ ќе почне да го користи експерименталниот третман со антитела со кој се излечи Доналд Трамп

јануари 24, 2021
Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

јануари 24, 2021
Нови 183 заразени со Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Нови 183 заразени со Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

јануари 24, 2021
И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

јануари 24, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Што предвидуваа луѓето пред 100 години, како ќе биде во 2021 година?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Со овие броеви освоил повеќе од милијарда долари на лотарија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Убива 50 болести: Додадете го овој зачин во чајот и ќе го добиете најсилниот лек

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.01.2021
ЗДРАВЈЕ

Дневен хороскоп 25.01.2021

јануари 25, 2021
20
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
4.6k
Следна Објава
Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани