20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако возилата ќе изгледаат во иднина – „Renault Megane eVision Concept“ (ФОТО)

Како возилата ќе изгледаат во иднина – „Renault Megane eVision Concept“ (ФОТО)

Францускиот производител претстави концепт на нов електричен автомобил кој на пазарот ќе се најде во 2021-ва година.

„Renault Megane eVision“ е замислен како електрична алтернатива на ковенционалниот модел „Megane“ со „SUS“ мотор, но и иден ривал на „Volkswagen ID.3“.

Овој хечбек со 5 врати е базиран на модуларната „CMF-EV“ механичка платформа која „Renault“ ја создаде за своите идни автомобили на електрична енергија.

Дизајнот на возилото се надоврзува на актуелниот „Megane“, но предниот дел е обликуван во склад со функционалните карактеристики на електричните автомобили, на кои маската на ладилникот (како и самиот ладилник) не е потребна.

Во склад со актуелниот тренд, кој подразбира што повеќе „LED“ светла напред, кој освен функцијата на фарови имаат и естетска улога, „Renault“ го украси „Megane eVision“ со овие детали.

Концептот е опремен со специјално дизајнирани 20-инчни алуминиумски бандажи кои имаат за цел да ја подобрат целокупната аеродинамика на возилото, што дополнително ја намалува потрошувачката на струја и ја зголемува автономијата на возење.

„Renault Megane eVision“ зa погон користи електромотор од 215 KS и 300 Nm, кој овозможува возилото од место до „стотка“ да стигне за помалку од 8 секунди.

Електричната енергија се чува во батерија со капацитет од 60 kWh, a францускиот производител не соопшти колку изнесува автономијата на овој концепт.

Наместо тоа, „Renault“ објаснува дека „Megane eVision“ со полна батерија може да го мине патот од Лондон до Њукасл за исто време како и возилото со „SUS“ мотор, што во превод значи дека има автономија на возење од околу 450 km.

Францускиот производител најави дека сериската верзија на овој автомобил ќе биде претставена во 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП