3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИзум за мрзливите велосипедисти

Изум за мрзливите велосипедисти

banner1

Возењето велосипед не само што е еколошки прифатлив начин на превоз, туку е и многу здрав. Но по напорниот работен ден тешко е да се натерате на долготрајно вртење на педалите. Сепак тој проблем го решава „Руби“.

Со убавото време се зголемува и бројот на велосипедистите по улиците. И додека некои велосипедот го користат за рекреација, на другите тој им е главното превозно средство со кое го избегнуваат плаќањето на гориво, паркингот или јавниот превоз.

Но кога по долгиот работен ден треба со велосипедот да се вратите дома, за некои вртењето на педалите е најтешката работа на светот.

Очигледно ист став имаат и во британската компанија „Руби “ (Rubbee) каде и настанал концептот за „електричниот погон на велосипедите“.

„ „Руби“ е револуционерен електричен погон кој може да се монтира на било кој велосипед за само неколку минути“, пишува на страницата „Kikstarter“ на која компанијата се обидува да собере 63.000 фунти за да започнат со масовно производство на овој уред.

Принципот на кој работи е многу едноставен.

Корисниците за да можат да го контролираат овој уред на управувачот на велосипедот се монтира еден вид на „гас“ со кој се контролира работата и брзината на „Руби“.

Батеријата која ја користи „Руби“ има домет од 25 километри, а благодарејќи на погонот може да постигне брзина од 25 километри на час. Кога батеријата ќе се испразни, доволно е да се приклучи на полнење кое трае два часа.

Овој проект за само шест дена од кога се појави на „Kikstarter“ успеа да собере една третина од потребните пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП