25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Dacia Spring Electric“ – aвтомобил на струја по пристапна цена (ФОТО/ВИДЕО)

„Dacia Spring Electric“ – aвтомобил на струја по пристапна цена (ФОТО/ВИДЕО)

Компанијата „Dacia“, која е сопственост на „Renault“, ја претстави сериската верзија на компактниот кросовер „Spring Electric“. Ова е првиот електричен автомобил во историјата на романската марка и ќе биде меѓу најевтините електрични автомобили на пазарот во Европа. Се претпоставува дека цената на стандардните модификации на „Spring“ нема да надмине 10.000 евра.

Кросоверот е опремен со агрегатите на моделот „Renault City K-ZE“ што се нудат на кинескиот пазар. Должината на „Spring Electric“ е 3.734 mm, ширината е 1.622 mm, висината е 1.516 mm, а растојанието помеѓу двете оски е 2.423 mm. Растојанието од земјата е 150 mm.

Електричниот автомобил на „Dacia“ е опремен со електромотор од 45 ks и 125 Nm, кој се напојува со литиум-јонска батерија со 26,8 kW/h. Максималната брзина на возилото е 125 km/h, а со едно полнење може да помине и до 225 kma. Обезбеден е и режим „Eco“, со што километражата се зголемува за 10%. Кога ќе се активира, моќноста паѓа на 31 коњски сили, а максималната брзина е 100 km/h.

Потребни се 14 часа за целосно полнење на батеријата од стандарден штекер, а помалку од 5 часа кога се користи системот „Wallbox“. Опремата на „Spring Electric“ вклучува електричен управувач, централно заклучување со далечински управувач и електрична контрола на сите прозорци.

Како опција за првата „Dacia“ на струја, се нудат климатизација и инфо-забавен систем со 7-инчен екран, навигација, како и поддршка за услугите „Apple CarPlay“ и „Android Auto“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП