24 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung S21“ може да биде претставен еден месец порано од вообичаеното

„Samsung S21“ може да биде претставен еден месец порано од вообичаеното

Претходно имаше гласини и вести дека „Samsung“ планира да ги спои линиите телефони „Galaxy S“ и „Galaxy Note“ најрано до 2022-ра година. Сега, новите извештаи од Јужна Кореја сугерираат дека „Samsung“ би можел да ја претстави серијата „Galaxy S21“ порано од вообичаеното, а исто така потврди дека „Galaxy S21 Ultra“ ќе се испорачува со „S Pen“.

Извештаите на јужнокорејските медиуми се засноваат на фактот дека „Samsung“ го засилува производството на своите телефони од серијата „Galaxy S21“. Ако гласините се покажат како вистинити, најновите премиум телефони на „Samsung“ би можеле да ги видиме во најава за последната недела од декември 2020-та година.

Ова е секако необичен потег на компанијата, но се сугерира дека е преземено за да се отстранат грешките со објавувањето на сериите „Galaxy S20“ и „Note20“. Премиум моделите на компанијата оваа година не остварија премногу добра продажба и „Samsung“ се надева дека ќе може да врати дел од својот удел на пазарот со претходната најава за линијата „Galaxy S21“.

Сепак, раното претставување на серијата „Galaxy S21“ може целосно да ја девалвира серијата „Galaxy Note20“, само четири месеци по објавувањето. Исто така, ваквата ненадејна најава може да покрене неколку прашања во врска со хардверот на серијата „Galaxy S21“. Дали „Samsung“ ќе има на располагање доволно „Exynos 2100“ и „Qualcomm Snapdragon 875“ чипови за да може да лансира телефони со полн капацитет? Или, компанијата ќе одлучи да ги објави сите варијанти на „Galaxy S21“ со чипови „Exynos“?

„Exynos 2100“ (или „Exynos 1000“) сè уште е во тајност, сето тоа благодарение на неконзистентните резултати на „Geekbench“. Се предлага чипсетот да има „ARM Cortex-X1 Super“ и „Cortex-A78“ јадра што треба да му дадат многу добри резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП