25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.10.2020

Дневен хороскоп 16.10.2020

Овен (21.03 – 20.04)

На деловното поле може да ви се случи мал пад на концентрацијата но генерално не ве очекуваат проблеми на полето за работа. Во љубовта можете да очекувате силно поволен ден за нови познанства.

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекува ден во кој нема да бидете оптеретени со деловните обврски. Пред вас е прилика да се опуштите и одморите. Во љубовта размислувате за тоа на кој начин да и пријдете на една личност која ви се допаѓа.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Максимално сте им посветени на обврските бидејќи сакате да оставите добар печаток на раководството. Ќе успеете да се докажете. Во љубовта можете да очекувате големи промени. Ви претстои убав период.

Рак (22.06 – 22.07)

Можете да очекувате мали несогласувања со колегите но не би требало да имате некои посериозни проблеми. Доколку ви се допаѓа некој кој е роден во знакот на Овен или Лав, ве очекува интересна средба денес.

Лав (23.07 – 22.08)

Можно е да имате некои помали компликации или отежнувања поврзани за полето за работа во текот на денешниот ден. Во љубовта доколку ви се допаѓа личност родена во знакот на Водолија, пред вас е ден во кој ќе се зближите.

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекува подобрување на финансиската ситуација. Пред вас е прилика да дојдете до значајни поместувања на деловното поле. Во љубовта ви се допаѓа вашата слобода и не сте подготвени за некое ново врзување.

Вага (23.09 – 22.10)

Денот не е претерано поволен за работа, можно е дека ќе имате непредвидени проблеми. Можни се мали несогласувања со брачниот партнер. Бидете трпеливи.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ве очекува генерално добра атмосфера во комуникацијата со соработниците. Можете да очекувате позитивен ден. Во љубовта ви се допаѓа една личност со уметнички талент и склоност.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе имате среќа и некои работи конечно ќе ги решите во ваша корист. Можете да очекувате одлична состојба. Ве очекуваат многу интересни случувања со личноста која ве привлекува некое време.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денешниот ден е поволен за соработка со некоја личност родена во воздушен знак. Во љубовта доколку сте во брак, со саканото лице ќе имате многу добар однос.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекува важно деловно патување на кое на некој начин ќе ги тестирате своите способности. Комуникацијата со партнерот е солидна, можно е наскоро да планирате и некои посериозни промени како заеднички живот.

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекува прилика да дојдете до подобра заработка. Можни се награди и бонуси за добро обавената работа. Во љубовта можно е да не сте сигурни што чувствате кон едно лице со кое сте влегле во некаков љубовен однос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП