26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа една третина „Ryanair“ го намалува својот капацитет за зимската сезона

За една третина „Ryanair“ го намалува својот капацитет за зимската сезона

„Ryanair“ ќе го намали планираниот капацитет за зимската сезона за една третина поради бранот ограничувања за патувања воведени од владите во Европа, објави денеска ирската авиокомпанија.

Најголемиот европски нискобуџетен авиопревозник очекува да лета со 40% од својот капацитет од минатата зима во оваа зима, откако претходно прогнозираше 60%.

Компанијата проценува дека ќе превезува 38 милиони патници за финансиската година што завршува на 31-ви март 2021-ва година.

Нејзината претходна прогноза за септември беше за 50 милиони патници. За споредба, „Ryanair“ минатата година опслужи 149 милиони патници.

Прогнозата може дополнително да се намали доколку има повеќе блокади и ограничувања на патувањето, изјави извршниот директор Мајкл О’Лири.

„Жалиме за овие ограничувања во зимскиот капацитет, но тие ни беа наметнати од лошото управување со воздушниот транспорт на ЕУ од страна на владите“, рече О’Лири.

Компанијата е фокусирана на „чување авиони, пилоти и кабински персонал и минимизирање на загубите на работните места“, рече О’Лири.

Авиокомпанијата ќе резервира 65% од своите линии во зима, но со намалена фреквенција на летови.

Нов бран ограничувања за патувања во последните неколку недели доведе до благ пад на резервациите во октомври, но значителен пад во ноември и декември.

„Ryanair“ ќе ги затвори своите бази во Корк и Шенон во Ирска и во Тулуз, Франција и ќе направи значителни технолошки вишоци во Белгија, Германија, Шпанија, Португалија и Виена.

Авиокомпанијата планира да прибегне кон неплатен одмор и размена на работни места, а отпуштања на кабинскиот екипаж и ќе ги префрли во базите, каде што се одбиени намалувањата на платите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП