23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mitsubishi Eclipse Cross“ зa 2021-ва година

„Mitsubishi Eclipse Cross“ зa 2021-ва година

Моделот „Mitsubishi Eclipse Cross“ e редизајниран по три години продажба, а на фотографиите е прикажан модел со волан на десната страната, кој наскоро ќе пристигне на пазарите во Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

Стилските промени се забележуваат како на предниот, така и на задниот дел од возилот. Редизајнирани се маската на ладилникот и браникот, а фаровите се малку потенки отколку на актуелната верзија на овој коросовер.

Позади се заменети стоп-светлата и отстранети се „LED“ лентите кои визуелно се поврзуваат со задните светлосни групи.

„Mitsubishi“ внатрешноста ја опреми со нов 8-инчен екран за мултимедијалниот систем, кој сега е подигнат на самиот врв од централната конзола и повеќе потсетува на таблет.

Покрај тоа, нови се и командите за автоматскиот клима-уред.

Многу технички детали дури треба да бидат соопштени, но јапонскиот производител вели дека моделот за 2021-ва ќе биде достапен и во „plug-in“ хибридна (PHEV) верзија, со погонска конфигурација превземена од моделот „Outlander PHEV“.

Системот се состои од два електромотори и 2.4-литарски „MIVEC“ бензинец, а погоното е на сите 4 тркала.

Покрај оваа верзија, на купувачите ќе им биде понуден и 1.5-литарски „MIVEC“ турбо-бензинец со 4 цилиндри и нов турбо-полнач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП