27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi ќе започне со нова визија

Mitsubishi ќе започне со нова визија

ev01

„Mitsubishi Lancer Evolution“ наскоро ќе добие нова генерација, а тоа ќе биде „Evo“ каков досега не сме го виделе и тоа се во склад со претходните најави на јапонската компанија.

Имено, „Mitsubishi“ уште во 2011-та година потврди дека „Evo“ ќе тргне во друга насока, односно дека ќе се прилагоди со акутелните потрошувачки трендови, како и со се поголемите притисоци кои се поврзани со намалувањето на емисијата на штетни гасови.

ev0

Медиумите шпекулираа за нов „Evo“, т.е. дека ќе има некоја форма на електрификација, но конфигурацијата со четирициндарскиот турбо агрегат и погонот на сите четири тркала ќе останат недопрени.

Иако се очекува дека така ќе биде, „Autokar“ пренесува дека новиот модел ќе биде позициониран како ривалот „Nissan GT-Ru“ и ќе има најмалку 500 KS на располагање.

ev02

Платформата на „Lancer“ сепак ќе биде основа за новиот „Evo“. Поради тоа што следната генерација на „Lancer“ пристигнува следната година, верзијата  „Evo“ би можеле да ја очекуваме за една до две години подоцна. Засега се уште не е познато каква форма ќе има новиот модел.

Во овој момент се шпекулира дека „Evo XI“ ќе биде „plug-in hibrid“ во комбинација со четирицилиндарски турбо агрегат и два електрични мотори со вкупна моќност од 500 „коња“ и тоа со системот „Mitsubishi S-AWC“ за контрола на погонот на сите четири тркала.

ev03

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП