20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ претстави четири верзии на „iPhone 12“, како и поддршка за „5G“...

„Apple“ претстави четири верзии на „iPhone 12“, како и поддршка за „5G“ (ФОТО+ВИДЕО)

На виртуелната конференција, „Apple“ претстави четири нови модели на „iPhone“ со дијагонали на екранот од 5,4 до дури 6,7 инчи и со цени од 699 до над 1.000 долари.

И покрај пандемијата со ковид-19 и глобалната економска криза, по претставувањето на четирите нови модели на „iPhone“, „Apple“ со многу оптимизам ќе го очекува почетокот на продажбата на своите телефони. Додека на почетокот претставуваа само еден модел на „iPhone“, сега тој број се зголеми на дури четири модели (покрај постојниот „iPhone SE“) – „iPhone 12“, „12 mini“, „iPhone Pro“ и „Pro Max“.

Заедничко за сите модели е тоа што тие го имаат најновиот хардвер на „Apple“ (чипсет „A14 Bionic“), „OLED“ екрани и поддршка за „5G“. „Apple“ стави посебен акцент на „5G“, големи брзини и мала латентност обезбедена од новата генерација мобилна мрежа. Интересно, доаѓа со посебен режим „паметни податоци“ кој, за да ја штеди батеријата, комбинира користење на „4G“ и „5G“, што се користи само кога тоа го бараат апликациите.

Иако, се разбира, ниту еден модел не е евтин, сепак не мора да се издвојат илјада долари за нов „iPhone“, со оглед дека почетната цена на најевтиниот модел е 699 долари, што треба да биде прифатливо за љубителите на компанијата. За таа цена е достапен „iPhone mini“ (прв пат „Apple“ го користи мини во името на своите телефони) кој доаѓа со 5,4-инчен екран, а е достапен во модели со 64, 128 и 256 GB простор за складирање. Во споредба со „iPhone 8“, кој има 4,7 инчен екран, „12 mini“ има поголем екран, но е за 11 отсто потенок, 15 проценти помал и 16 проценти полесен.

Се напојува од „најбрзиот процесор на светот“ – „A14 Bionic“, има одлична графика и две камери со резолуција од 12MP (едната е ултра-широка) со која фотографирањето во услови на слаба осветленост е уште подобро во споредба со „iPhone 11“. Треба да се спомене и т.н. „керамички штит“, односно дополнителна заштита благодарение на што екранот е многу поиздржлив.

Разликата помеѓу „mini“ и обичен „iPhone 12“ е во големината на екранот (моделот „12“ има 6,1 инчен екран) и, се разбира, во цената бидејќи „дванаеската“ е поскапа за сто долари. Моделот „12“ ќе биде достапен за претходна нарачка од 13-ти октомври, а за купување од 23-ти октомври.

„iPhone 12 Pro“ и „Pro Max“

„iPhone 12 Pro“ ја има истата дијагонала на екранот и ќе може да се нарачува и да се купува на истите датуми како и „iPhone 12“. Ќе биде достапен во верзии со 128, 256 и 512 GB меморија, а почетната цена ќе изнесува 999 американски долари. Во споредба со „обичната“ дванаесетка, моделите „12 Pro“ и „Pro Max“ (кои имаат дијагонала на екранот од 6,7 инчи) имаат 3 задни камери (сите три имаат резолуција од 12MP) – широк агол, ултра широк и телефото камера со 4X оптички зум. Исто така, „Pro“ моделите имаат „LiDAR“ лоциран покрај камерите и мери колку време му е потребно на светлото да се стигне до објектот и назад, така што „iPhone“ го разбира светот околу него, овозможува скенирање на просторот и користење „AR“ објекти. Се користи и за авто фокус, може побрзо да идентификува предмети и да го скрати времето на фокус до 6 пати, а исто така се користи за фотографирање и за видеоматеријали.

За време на презентацијата, „Apple“ особено го потенцираше квалитетот на камерите и фотографските и видео можностите што носат „искуство што не е можно на класичните фотоапарати“. Моделот „12 Max Pro“ ќе чини 1.099 долари, а како и „iPhone 12 mini“ ќе може да се нарача предвреме на 6-ти ноември, додека во продажба ќе се појави на 13-ти ноември.

Покрај телефоните, беа претставени и „HomePod mini“, паметен звучник со помали димензии и цена од 99 долари и „MagSafe“, интелигентен магнетски систем за безжично полнење и поврзување со други додатоци, а ќе биде достапна и верзија за истовремено полнење на „iPhone“ и на „Apple Watch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП