Профитот на американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ скоро двојно се зголеми во третиот квартал.
„Goldman“ објави квартална заработка од 3,62 милијарди долари или 9,68 долари по акција, со раст на приходите од 30% до 10,78 милијарди долари. Двете вредности ги надминаа очекувањата на аналитичарите, предвидувајќи профит од 1,94 милијарди долари или 5,54 долари по акција, со приход од 9,38 милијарди долари. За споредба, „Goldman“ пријави заработка од 1,88 милијарди долари или 4,79 по акција, во третиот квартал на 2019-та година.
Позитивните податоци се должат на посилните резултати од очекуваните во тргувањето со обврзници и управувањето со активата, објави „CNBC“.
Акциите на банката пораснаа за 2,2% во претходното тргување.
„Нашата способност да им служиме на клиенти кои се ориентирани во многу несигурна средина доведе до силни перформанси, градејќи ги резултатите од првата половина на годината“, изјави извршниот директор Дејвид Соломон.
Продажната поделба оствари приход од 4,55 милијарди долари, што е за 29% повеќе од претходната година. Овој раст беше поттикнат од резултатите од трговијата со обврзници од 2,5 милијарди долари, скоро половина милијарда долари повеќе отколку што очекуваа аналитичарите анкетирани од „FaсtSet“. Приходите од тргување со акции од 2,05 милијарди долари се во согласност со очекувањата.
Поделбата за управување со средства оствари приход од 2,77 милијарди долари, што е за 71% повеќе од претходната година и скоро 900 милиони повеќе од предвидувањата на „FaсtSet“ за 1,91 милијарди долари.
Банката соопшти дека резултатот се должи на значително поголемите приноси на капиталните инвестиции и заемите и инвестициите во долгови.
Инвестициската банка стара 151 година е среде трансформација, лансирајќи голем број производи за дигитално банкарство со надеж дека ќе ги надмине своите воспоставени конкуренти во банкарството на мало.
Акциите на „Goldman“ годинава паднаа за 8,3%, пониско од повеќето големи банки.